Албанските опозициски пратеници повторно ја прекинаа седницата на Парламентот, протестирајќи против, како што велат, се поавторитарното владеење на владејачките социјалисти.
Тие запалија пиротехнички средства и нафрлаа столчиња на говорницата, во моментот кога премиерот Еди Рама седна на своето место да гласа за буџетот за 2024-та година.
Кордон телохранители ги спречи опозициските пратеници да се приближат до Еди Рама. Од запалената пиротехничка имаше и мал пожар во собраниската сала.
