Хаос на Попова Шапка за викенди, колони возила од 5км, жичарата само ветување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Недостигот на паркинг места на Попова Шапка предизвикува колони возила долги по 5 км. Возилата мораат да чекаат долго за да најдат простор за паркирање. Колоните особено преку викенд се и по 5 км. Ова се некои од снимките од вчерашниот ден.

До 2000 година функционираше жичарата која од Тетово водеше до Попова Шапка, но во текот на вооружениот конфликт на 2001 година таа беше оштетена. Повторната изградба на жичарата е ветување дадено од 2002 година и до ден денес се уште нема проект. Во соопштение за ТВ21 во врска со оваа проблематика од Општина Тетово велат дека жичарата не е во нивна надлежност но сепак се залагаат за решавање на овој проблем.


Градоначалникот на Тетово, Билал Касами ги покани за соработка целиот граѓански сектор, централната власт и сите граѓани кои сакаат да придонесат за доброто на граѓаните за да се состави детален урбанистички план за Попова Шапка, со цел да се реши еднаш засекогаш проблемот со сообраќајниот хаос. Следните денови градоначалникот Касами ќе почне со интензивни состаноци за пронаоѓање на решение иако жичарата не е во надлежност на општината, но ние се залагаме за изнаоѓање на заедничко решение со сите чинители.

Инаку по новогодишните празници многу граѓани ја избра убавината на Шара за да ги поминат последните денови од одморот. Повеќето посетители се од земјата, но има и посетители од регионот, главно од Косово. На располагање на туристите оваа сезона е и шестоседот.