-Не можеш да поминеш, да ја турнеме понатаму.
-Не е закочена за да турнеме, во брзина е.
-Не, не може, закочена е.
-Нема никој тука, проверивме.
-Ве молам црвената кола или ќе повикаме „Пајак“.
Овој камион не може да помине поради големиот број паркирани возила, кои од ден на ден го отежнуваат движењето.
Состојбата на паркингот близу законодавниот дом и поранешното Министерство за транспорт и врски е ваква веќе подолго време.
-Вистински хаос на паркингот зад Собрание и поранешното Министерство за транспорт и врски. Секој ден граѓаните се соочуваат со недостиг на паркинг места-јавува репортерот на ТВ21.
Освен проблем со паркингот, ова место иако е сместено во центарот на Скопје и на само неколку метри од Собранието, е преполно со дупки и отпад. Тука се наоѓа и седиштето на ТВ21 каде секој ден доаѓаат министри, пратеници и градоначалници, но општинските власти никако да го решат проблемот. Во вечерните часови нема ниту осветлување.
