Шефот на водите во Хрватска, Зоран Ѓуроковиќ изјави дека водостојот на Дунав се очекува да биде на рекордното ниво.
„Се заканува Дунав да биде на нивото од 2013 година. Но, не повеќе од тоа. Меѓутоа ние за секој случај се подготувваме и за полошо сценарио“, изјави тој.
Дунав во 2013 година бил на +775 сантиметри, а Ѓуроковиќ вели дека тие се подготвуваат и 790. Во моментов водостојот е 750 сантиметри.
На дел од граѓаните веќе им стигнало предупредување.
„Знаат што треба да прават. Треба неопходните работи да ги преместат на повисоко. Не би требало да престојуваат на ниско, сите треба да се евакуираат“, изјави Ѓуроковиќ.
