Хегсет: На Европа е одговорноста да ја сопре „руската воена машинерија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека е одговорност на Европа да ја запре, како што рече, „руската воена машина“.

Во изјава за новинарите пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП, објави Ројтерс.

Сегашната цел за одбранбените трошоци за членките на НАТО е два отсто од БДП.