Ќерката на наредникот Африм Буњаку, Арбенита, одржа краток говор на комеморативната седница. Арбенита со солзи во очите истакна дека цело Косово ќе се сеќава на него со болка и тага.
„Хероју мој, татко м ој, колку ми е тешко да пишувам за тебе, татко мој, предвреме останав сирак, никогаш не верував. Твоето заминување ни остави голема рана на срцето. Тато, не знам како ќе живеам без тебе. Влегов дома и тебе не те видов, тешко ми е, твоето место дома никој не може да го замени. Се не научи, но како да живееме без тебе, никогаш. Се жртвуваше за оваа земја за ние и Косово да бидеме горди за твоето херојство. Ќе бидеме горди на тебе, со тага и болка ќе те паметиме“, вели Арбенита Буњаку.
