ХОРОР: Со секира ги нападнал поранешната сопруга и детето кое починало од повредите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж (41) доцна синоќа во Загреб на патот Козари со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и детето (1,5), а потоа побегнал.

Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.

Напаѓачот побегнал и предизвикал неколку сообраќајни несреќи, а потоа завршил на обиколницата, каде на него налетал камион и го усмртил на лице место.

Според новите информации, жената е тешко повредена.