Бројот на хоспитализирани пациенти настрадани во пожарот во Кочани надминува 160, вклучително и тие 16 сместени во приватните болници, соопштуваат здравствените власти.
Бидејќи во регионот се пополнети болничките капацитети, другите пациенти ќе се испраќаат во Италија, Холандија и Белгија. Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски истакна дека владата ќе ги покрие трошоците за пациентите да бидат придружени од родителите или други роднини.
Пациентите се со изгореници од втор и трет степен, вели директорот на болницата 8 Септември, Синиша Стојаноски кој додава дека нема пациенти во критична состојба.
Здравствените власти уште еднаш апелираат сите лица кои таа ноќ биле таму кога се случила несреќата во дискотеката Пулс, да се јават што поскоро на преглед во болниците.
