Два автобуси вчера доцна пристигнаа во Битола. Во нив имаше наши граѓани кои со хуманитарен лет пристигнаа во Македонија од Малта. Станува збор за 45 лица, кои се сместени во хотел во центарот на градот, во задолжителна 14 дневна изолација. Поради ова дел од граѓаните кренаа паника. Еден од најгласните беше претседателот на Унијата на млади сили Битола, Марко Јосифовски. Тој на својот фејсбук профил објави дека луѓето кои се во карантин можеле да избегаат, да поминат на Широк сокак и да заразат голем број на луѓе кои се движат на таа локација.
Од влада смируваат велејќи дека државните карантини се безбедни и строго контролирани и не преставуваат закана за никого.
Градоначалничката на Битола Наташа Петовска рече дека сите државјани на Македонија кои ќе сакаат да се вратат во татковоната се добродојдени.
„Се полимизираше многу околку лоцијата ниту една локација не е подобра или полоша. Вирусот не мирува поради локацијата. Вирусот може да се победи само со нашето однесување, со контролирана изолација, избегнување на непотребно излегување и почитување на протоколи и препораки“, вели Петровска.
Освен хотелот Епинал и Молика во Битола како државни карантини се и хотелот Десарет во Охрид, детското одморалиште во Демир Капија, Хотелот Фламинго, хотелот Ибис во Тафталиџе изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Досега вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сметување го прави Генералниот секретаријат на Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и спровод на лицата од државните граници до објектите како и внатрешно и надворешно обезбедување на државните карантини“, рече Чулев.
Околу 130 македонски државјани од Словенија се враќаат дома со специјалниот лет на компанијата Визер. Сите потпишаа согласност дека прифаќаат да минат во 14 дневен државен карантин по слетување на аеродромот во Скопје. А, пак од МНР информираат дека 4 македонски граѓани кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу денеска со чартер лет на Аустријан Ерлајнс слетаа во Виена.
Исто така два авиони од Љубљана и Минхен со наши државјани се очекува да пристигнат во земјава. Вчера со хуманитарен авионски превоз од Малме и Загреб се вратиле 290 граѓани. Сите се однесени во државен карантин. Во моментов се обезбедени 2104 легла во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла.
