Хрватска го усвои законот со кој професионалните возачи ќе добиваат долгорочни визи. Оваа одлука ја поздрави министерот за транспорт Александар Николоски.
„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи – напиша Николоски во својата објава.
Николоски додаде дека ова е резултат на договорот кој бил направен со вицепремиер и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава.
