Хрватска се солидализира по денешниот катастрофален земјотрес во Петриња, по кој загина 12-годишно девојче. Во земјотресот има многу повредени, вклучена е војската, како и медицински лица да помагаат на настраданите.
Во Петриња пристигнаа и државните власти, а за помош се јавија и неколку познати лица.
Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен, го понуди својот хотел за настраданите во земјотресот. Тој истакна дека има место за 16 семејства, и дека предност ќе имаат фамилии со деца.
Навивачите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојс“ се упатија кон Петриња да помогнат на властите кои бараат лица под урнатините.
