И адвокатот Александар Тортевски кандидат за градоначалник на Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По прилогот на ТВ21 „Кој ќе менаџира со Град Скопје?“, кој се однесува на тоа кои се кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори, на Твитер се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој најави своја кандидатура.

Тој вели дека во вторник на официјална прес конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.

Инаку, досега за прв човек на Град Скопје официјално се кандидирани Петре Шилегов, Данела Арсовска, Петар Георгиевски, Ана Петровска и Љубомир Јосифовски