И ова лето Струга има недостиг на вода – активистите бесни, претпријатието вели водата се злоупотребува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај ветувањата дека со поставувањето на новата водоводна цевка нема да има повеќе проблеми со водата за пиење во Струга, годинава жителите и туристите се соочија со истиот проблем. Немањето вода за пиење во текот на летната сезона во туристички град е неприфатливо, велат активистите.

Претседателот на „ХОТАМ“ вели дека тоа е последица и на летната сезона и преголемиот број  на  туристи и печалбари во градот. Во Струга и Охрид има повеќе од 30-40 илјади станови кои во зима се празни, а во лето се полни, додајте ги тука и хотелите и станбените куќи.

Од ЈП Водовод и канализација – Струга велат дека летово извршиле бројни проверки за утврдување случаи на злоупотреба на водата за пиење со наводнување. Оттаму неколку пати соопштија дека екипи на претпријатието во соработка со општинските инспектори и МВР – полициска станица Струга извршиле бројни проверки во градот и околината, при што констатирале повеќе случаи на злоупотреба на водата. За ваквите случаи до потрошувачите се испратени известувања, како последно предупредување, пред да се премине на изрекувањето на казните, согласно член 44 – став 1, од Законот за снабдување со вода за пиење и отстранување на урбаните отпадни води.