И по три години школотo во Селце не е завршенo – тендерот за втората фаза сè уште не е отворен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Работите започнаа пред три години, но изградбата на училиштето во Селце, Тетово сè уште е во првата фаза! Тендерот за втората фаза сè уште не е објавен. Втората фаза предвидува фасада, клупи и кабинети. Да се пушти во употреба, ќе треба да се уреди и спортското игралиште и ѕидот, кој е многу важен елемент за безбедноста на учениците. Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, очекува годинава да се завршат сите градежни работи.

„И таму, според информациите што ги имаме од операторот, работите се одвиваат според предвидената динамика, нашата барање е до крајот на оваа година да се завршат сите градежни работи“, вели Биљал Касами.

Директорот на школото, Муамер Асани, вели дека новото училиште многу ќе го помогне образовниот процес. Иако тие немаат пристап до тендерот за школото, врз основа на динамиката што ја гледаат, не очекуваат следната година да започнат со користење на новиот објект.

„Тешко е да се процени колку ќе го подобреше квалитетот на образовниот процес, но ние како раководство немаме никаква пристапност до новиот објект. Во најголем дел гледаме дека се работи, но иако ни беше ветено од една посета на претседателот на општината во јуни дека за оваа 2026 година ќе можеме да влеземе во новиот објект, според динамиката на работите, не верувам дека ќе успееме. Втората фаза, која вклучува фасада, спортски терени и еден носечки ѕид, сè уште не е на тендер“, порача Муамер Асани.

На 8 јули 2025 година, Касами го посети училиштето и изврши увид во изградбата и даде ветување дека втората фаза ќе заврши до август 2026.

„Разговараме со Министерството за образование да се заврши, како што започна, ако има некакво одлагање или евентуална пречка – што не верувам, но ние како општина сме подготвени за 2026 година да обезбедиме средства од средствата што исто така ги обезбедува Владата за општините, за да се заврши овој проект“, вели Биљал Касами.

Учениците од ова училиште учат во објект изграден во 60-тите години од минатиот век. Во 1999 година беше започнат нов училиштен објект, но беше изваден од функција поради свлечиште на земјата.