И покрај ветото силна поддршка за членство во ЕУ – АРМ и Претседателот на државата со најголема доверба, судството на најниско ниво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај ветото и непочнувањето на преговорите на Македонија со Европската унија, голем дел од граѓаните и натаму даваат силна поддршка за членството на земјава во Унијата, а нивните очекувања се дека тоа би можело да се случи во следните шест месеци. Ова го покажува истражувањето кое спроведено од Центарот за европски стратегии – Еуротинк. Сепак половина од испитаниците велат дека ЕУ е нефер кон Македонија. Истовремено намален е и бројот на оние кои сметаат дека Бугарија претставува сериозна закана за Македонија.

„Во последните неколку истражувања околу половина од граѓаните сметаат дека тој однос е нефер и уценувачки конкретно поради ветото со Бугарија, меѓутоа и претходно поради француското вето. Но интересно е тоа дека доста е пораснат и процентот на оние кои сметаат дека тој однос е сепак фер и пријателски значи околу 10 проценти од минатата година до денеска е пораснат“, истакна Димитар Николовски.

За довербата во институциите, истражувањето покажало дека граѓаните најмногу и веруваат на Армијата и претседателот на државата, а дека и натаму на најниски гранки останува довербата во судството.

„Најголема доверба е изразена во Армијата на Република Северна Македонија каде што 47 проценти од испитаниците изразиле доверба во Армијата, претседателот е со 31 процент, па религиозните заедници и на четврто место е полицијата со 25 проценти од испитаниците кои што изразуваат доверба во неа, додека обвинителството и судовите се со најмала оценка на доверба некаде околу 8 проценти“, велат од Евротинг.

Истражувањето на Центарот за европски политики Еуротинк го спроведе од 23 до 30 ноември годинава.