Антикорупциска смета дека нема судир на интереси во врска со тоа што Матко Сандев е и судија поротник во случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и член на „Партија на пензионери“, која е во коалиција со СДСМ. Од таму велат дека партиската припадност не е критериум за разрешување на судија поротник.
Антикорупционерите сметаат дека законите за судии имаат дупки, но апелираат до партиите да не ја користат оваа институција за политички поени пред локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во интегритетот на судијата – поротник, Митко Сандев, но бара и негово разрешување поради возраста, бидејќи Законот за судови предвидува на судија- поротник кој наполнил 60 години да му се прекине функцијата. Ако Судскиот совет го разреши од оваа причина, тогаш случајот „Талир“ ќе мора да почне од почеток.
