Иако е слеп, никогаш не престана да твори – писателот Џеладин Емини издал 15 книги и неколку песни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е 80-годишниот Џеладин Емини од Струга, кој иако е слеп никогаш не престанал да твори. Во младоста бил учител, а потоа и капетан од прва класа во македонската војска и токму поради таа работа го изгубил видот. Во 1986 година, пред 35 години, на вежби со воениот баталјон по експлозија на граната, обидувајќи се да спаси еден од војниците, Џеладини го изгубил видот.

За да не се разочара од животот, почнал да се занимава со литературна дејност, а одредено извесно време вели дека работел и во радио. Има издадено 15 книги, од кои повеќето посветени на селото Поум или неговото родно место.

„Сум напишал 15 книги и со моето творештво почнав откако ми се случи несреќата во воениот маневар во 1986 година, каде го изгубив видот спасувајќи војник со цел тој да не помине полошо од мене“, посочи Џеладин Емини.

Вели дека неговиот пријател кој се обидел да го оддалечи од траумите на катастрофата што го снашла го поттикнувал да пишува.

Во своите почетоци почнал да снима со диктафон, седејќи покрај Охридското езеро каде го нашол мотивот.

„Прв пат почнав со овие мали диктафони, таму снимав додека бев покрај езерото или дома, исто така кога легнував да спијам таму ми беше паметот, ги преслушував тоа што ги снимав, тоа што не ми се допаѓаше ги бришев и снимав тоа што мислев дека е подобро. Прво сам проверував потоа ќерките и зетовците ги префрлаа на компјутер и кога беше комплетиран материјалот одеше за издавање“, додава Џеладин Емини.

Човекот кој никогаш не се откажа има порака за сите лица со попреченост. Креативноста ја гледа како олеснување кое ја ублажува болката што ја носи во себе.

„Мојата порака да не ја губат вербата во самите себе но и да почнат да работат нешто што им се допаѓа, повеќе од позитивен аспект“, посочи Емини.