Ибрахими: Немаме интерес да влеземе во Влада – Гаши и Заев ќе се сретнат во наредните денови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зеќирија Ибрахими од Алтернатива вели дека немаат интерес да влезат во Влада, додавајќи дека досега не добиле таква понуда. Според него, претседателот на партијата, Африм Гаши, бил во контакт со премиерот Заев, но комуникацијата, како што вели, била вообичаена.

„Немаме ниту интерес, ниту покана, ниту понуда да станеме дел од оваа Влада. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи, но во моментов состојбата е ваква каква што е“, посочи Зеѓирија Ибрахими.

Но, пратеникот од редовите на Движење Беса, Кастриот Реџепи синоќа во „Клик Плус“, изјави дека Алтернатива „чека пред врата“ за да влезе во Влада.

„Алтернатива чека пред врата за да влезе, a не разбирам зошто Беса треба да излезе, иако е дел од Владата“, вели Кастриот Реџепи.

Ибрахими додава дека Гаши и премиерот Зоран Заев се договориле да се сретнат наредните денови.