Ибрахимовиќ објави специјална фотографија: „Среќен Божиќ за вас и вашите сопруги“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Златан Ибрахимовиќ (41) веќе неколку месеци закрепнува по операцијата на коленото.

Напаѓачот на Милан се уште нема играно оваа сезона, но би можел да добие шанса во остатокот од сезоната.

Швеѓанецот напорно работи на закрепнувањето, а за Божиќ објави фотографија од боксерскиот ринг со посебна порака: „Среќен Божиќ за вас и вашите сопруги. Чао“.

Ибрахимовиќ ги искористи неколкуте слободни денови што Стефано Пиоли им ги даде на фудбалерите на Милан и деновиве отпатува за САД.

Тој во Њујорк го следеше НБА натпреварот помеѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, по што срдечно се поздрави и го прегрна Кајри Ирвинг.