За два месеци на Иџет Мемети му завршува мандатот како народен правобранител, а сè уште не е објавен конкурс за нов. Според законот за народен правобранител, Собранието треба да започне постапка преку оглас, најдоцна три месеци пред завршување на сегашниот мандат. Зошто сè уште не е објавен конкурсот и кога ќе се објави – од Собранието без одговор.
Прашавме некои од пратениците. Тие од власта велат дека независно дали е партиски или не, тој треба да биде народен.
МЕРИТА КОЏАЏИКУ, ДУИ
Без разлика дали е партиски или не, тој ќе биде народен. И да биде партиски тој повторно ќе биде народен. Лицето заслужно за тоа знае, тој има име.
СНЕЖАНА ВАНЧЕВСКА КАЛЕВСКА, СДСМ
(…)
Опозициските пратеници велат дека оваа функција треба да и припадне на опозицијата.
АТНАН НЕЗИРИ, АА
Најдобро е да не биде партиски но кај нас изборот се врши според партиска припадност. Традиција стана. Јас мислам дека е најдобро да биде од опозицијата. Опозицијата има начини и форми како да дејствува а граѓаните секогаш имаат потреба од одбрана од опозицијата поради владините постапки.
ЉУПЧО ПЕНЏОВ, ГРОМ
(…)
За работата на Народниот правобранител реагираа и од невладините организации. Мрежата за заштита од дискриминација бараат од Собрание на ова важна функција да се именува професионалец и независно лице, со цел да се овозможат реформи во работата на оваа институција која неколку години по ред не успеа да обезбеди ефикасна и ефективна заштита на граѓанските права.
Од Хелсиншки комитет велат дека иако ОМБУДСМАН како институција постои повеќе од 20 години, сè уште не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институции за човекови права.
