Кандидатот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива синоќа се сретна со жителите на Липково од кои побара поддршка за локалните избори. Како што рече, Липково е една од ретките општини која никогаш не била раководена од друга партија и општина која е запоставена. Ветува дека посветено ќе работат за Липково да го вратат во рацете на граѓаните.
„Ние доаѓаме во општина Липково за да понудиме мастер-план за ново Липково. Ние доаѓаме на чело на Липково за да ја направиме побезбедна општина. Ние доаѓаме во општината за да изградиме градинка која е изненадување за жителите на село Ваксинце. Ние доаѓаме во Липково за да овозможиме електронски шалтери кои ќе бидат отворени 24 часа за општински административни услуги“, истакна Арсим Идризи.
