Игор Јанушев со негативен тест на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, кој бил во дебатна емисија заедно со Мухамед Зекири на Телевизија 24, има негативен тест на коронавирус.

По препорака на епидемиолозите, во 14-дневна изолација останува новинарката која ја водела дебатата.

Пратеникот Зекири денеска објави дека е позитивен на Ковид-19, заедно со неговата сопруга и со својата малолетна ќеркичка.