Илјадници студенти и граѓани од речиси сите градови од Србија се упатија кон Ниш. Тие се транспаренти и извици бараат правда за загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад кога падна настрешница, и усмрти 15 лица.
Протестот се одржува точно четири месеци по страшната трагедија. Блокадата на централните улици во Ниш ќе трае 18 часа.
Граѓаните на Ниш во петокот вечерта организираа свечен пречек на студентите кои неколку дена пешачеа од повеќе градови во Србија и од различни правци за да им се придружат на своите колеги на протестот.
