Им донираа амбулантно возило, но немаат лекари! – Жителите на Шуто Оризари се жалат на здравствените услуги

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова амбулантно возило е донација за поликлиниката во Шуто Оризари но тоа нема да стои тука бидејќи поликлиниката нема служба за Брза помош, затоа возилото ќе биде испратено во поликлиниката Чаир. Жителите на Шуто Оризари немаат и многу други примарни здравствени услуги како и медицински персонал. Велат дека се незадоволни од условите во оваа здравствена установа.

За недостигот од услови говореа и од граѓанското движење Аваја.

Возилото е донација од Фондацијата “Отворено општество“ на иницијатива на граѓанското движење Аваја, а на пуштањето во употреба дојдоа и претставници од владата. Во оваа прилика прашавме дали ќе продолжи да функционира здравството со странски донации и што ќе направи владата во таа насока.

Според Елвис Шаќири од Аваја, во јануари 2023 се очекува да се вработат две медицински сестри, заокружувајќи ја на овој начин поддршката што Аваја ја нуди за подобрување на здравството и пристапот до здравствени услуги во Шуто Оризари.