Им истекоа договорите, па албанскиот ансамбл остана без вработени – заменик министерот за култура ветува решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот ансамбл на албански народни ора и песни на РСМ остана без вработени. Ова се должи на непродолжувањето на договорите за вработување на 34-те играорци, солисти и инструменталисти на оваа културна институција. И покрај раскинувањето на договорите, некои уметници не престанаа да работат. Тие вчера беа видени како настапуваат на одбележувањето на Илинден.

На ова преку социјалните мрежи реагираа и други уметници кои упатуваа обвинувања кон раководството на ансамблот дека се однесувале како институцијата да е нивна приватна сопственост.

„Еден пензиониран пред една година, една непозната и тројца невработени во видеово! Ова е ансамблот моментално! Целосно затворено! СКАНДАЛ! Еден погрешен потег на раководството, денес цела институција е БЕЗ ВРАБОТЕНИ! Од никаде и од никаде, оваа одлука, спротивна на законот! Вратете ги уметниците на работа и не мешајте валкана политика со УМЕТНОСТА!“, вели Ера Аземи

„Кој е виновен? Кој ќе преземе одговорност за овој скандал што им се случува на уметниците во културната установа која донесе само гордост на држава и албанската култура во оваа земја? Бараме одговорност од надлежните органи и што поскоро да се поправи статусот на уметниците“, вели Арсим Иљази.

Солистката Бесарта Муртезани напиша дека „на 26 јули директорот на Ансамблот ги објави сите уметници на оваа институција и во моментов институцијата има по еден пејач, еден танчер и еден инструменталист“.

„Уште колку треба да ги голтнеме скандалите и срамот кога 34 работници се на УЛИЦА и во секој момент чекаат вест, додека на раководителите им останаа проектите без вработени како ништо да не се случило, вклучително и на 2 август, Денот на Илинден, каде никој од ова што го гледате на видеото не е вработен. Што е институција? Приватен имот не е Ансамблот, освестете се и немојте да го предизвикате нашето трпение! Вратете ги уметниците на работа бидејќи надминавт каква било граница. Засрамете се малку“, вели Бесарта Муртезани.

Раководителите на Ансамблот, во изјава за Порталб, појаснуваат дека сите вработени имаат потпишано петгодишни договори и дека биле известени дека според законот за култура мора повторно да конкурираат. Додаваат дека е добиена согласност за вработување за 2024 година, но конкурсот не можел да се одржи на почетокот на годината поради изборните рокови.

„По создавањето на Владата, конкурсот беше подготвен, но со одлука на новата влада беа укинати решенијата на Министерството за финансии за вработувања во сите државни институции! Како резултат на оваа одлука, не може да се објави конкурс за вработување во Ансамблот без да се добие повторна согласност од Министерството за финансии! Барањето за враќање на согласноста е направено пред еден месец, побаран е итна реакција од Министерството за култура во врска со ова прашање по службен пат од директорот на ансамблот, но досега нема одговор, затоа одговорноста останува на сегашната Влада“, велат од Државниот ансамбл.

Заменик министерот за култура Садат Сулејмани вели дека работи на оваа проблематика и ветува дека наскоро проблемот ќе се надмине и членовите на ансамблот ќе се вратат на своите работни места.

„Работам интензивно во оваа насока и од понеделник ќе испратиме согласност до Министерството за финансии и се надевам дека во најкус можен рок ќе го решиме овој проблем. Знам дека им е тешко на вработените, но ништо не се случи по наша вина, бидејќи имаа можност да го поправат. Освен тоа, ќе се трудам максимално да работам во насока сите вработени во Ансамблот да бидат вработени со договори без временско ограничување, односно со трајно решение“, вели Садат Сулејмани.

Инаку, пред пет години при основањето на ансамблот беше отворена аудиција за прием на уметничкиот кадар. На оваа аудиција изборот на уметници го направија компетентни имиња на албанската музика од сите албански краеви и врз основа на нивните оценки, актуелните уметници кои го сочинуваат ансамблот, 20 танчери, оркестарската формација со 9 инструменталисти и вокалната сесија од 8 солисти.