Како медицински отпад ќе бидат уништени 13.000 дози на вакцини против коронавирус кои Македонија ги доби како донација од Бугарија, велат од Министерството за здравство за СДК.мк.
„Вакцините против ковид-19 кои се донација од Бугарија денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени, како медицински отпад“, велат од МЗ.
Во изјава за порталот, директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Коста Начевски посочил дека нема никаква најава за уништување на вакцини во нивната печка за уништување медицински отпад.
Инаку, на 8-ми септември бугарското собрание со 146 гласа „За“ ја ратификуваше спогодбата за донација на над 50 илјади дози од вакцината „Фајзер“ за Северна Македонија, а подоцна на 14 септември истите пристигнаа во Македонија.
