Инаугурацијата на новиот избран претседател на САД, Бајден ќе претставува „виртуелна парада“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Организаторите на церемонијата денеска соопштија дека инаугурацијата на избраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе претставува „виртуелна парада“ бидејќи се уште во сила е забраната за масовни собири поради пандемијата со Ковид-19.

По заклетвата во западното крило на Капитол Хил, Бајден и неговата сопруга, идната прва дама Џил, ќе им се придужат на потпретседателката Камала Харис и нејзинито сопруг во источното крило, каде традиционално се одржува воена парада, при што задолжителна ќе биде физичката дистанца.

Бајден ќе биде следен од традиционалната претседателска придружба составена од претставниците на секоја воена единица од 15 улица во Вашингтон до Белата куќа.

Претседателскиот инаугурациски комитет соопшти дека „целата парада ќе биде во согласност со рестриктивните мерки, што ќе овозможи Американците и светот да ги видат историските слики од 46. претседател како влегува во Белата куќа без присуство на симпатизерите“.