Индонезија го подигна највисокото ниво на тревога за вулканот Левотоби Лаки-лаки, откако тој еруптираше осум пати во текот на викендот, објави денес Агенцијата за вулканологија на земјата.
Директорот на агенцијата, Мухамед Вафид, изјави дека Левотоби Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес во источна Индонезија, доцна во неделата исфрла вулканска пепел на висина помеѓу 3 и 5,5 километри.
„Нашата анализа покажа дека активноста на вулканот е сè уште висока, па затоа го подигнавме нивото на тревога на највисоко ниво“, рече тој.
