Индонезија го подигна нивото на тревога на максимум поради вулкан, евакуирани шест села

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулкан еруптираше во Индонезија на планината Левотоби Лаки-Лаки, на островот Флорес, поради што нивото на тревога денеска е максимално зголемено, а шест села се евакуирани.

Геолошката агенција соопшти дека визуелните и сеизмичките податоци покажуваат нагло зголемување на вулканските земјотреси кои потенцијално би можеле да доведат до вулканска ерупција, пренесе ВНА.

Зоната на исклучување околу кратерот е проширена од пет на шест километри, што ја прави неопходна евакуација, соопштија властите во предупредувањето.