Евростат денеска објави дека инфлацијата во еврозоната во јануари изнесувала 2,5%, откако во декември беше на ниво од 2,4%.
Една година претходно инфлацијата беше 2,8%.
Во јануари најголем придонесе во годишната инфлација имале услугите, потоа храната, алкохолот и тутунот, енергијата и неенергетските индустриски стоки.
Највисока инфлација во однос на првиот месец од минатата година е забележана во Унгарија (5,7%), потоа Романија (5,3%) и Хрватска (5%).
Најниска стапка има во Данска, која изнесува 1,4%, па Ирска и Италија по 1,7%.
