Инхалација од пчелините кошници, алтернативна медицина која помага за пост ковид рехабилитација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инхалација од пчелините кошници! Овие куќарки изградени иво природа од задниот дел имаат влез за пчелите. А внатре има саќе и апарати за инхалација директно од кошницата. Инхалацијата е дел од алтернативната медицина и ги содржи сите компоненти од пчелините продукти кои ги има во саќето како што е прополис, мед, полен, млеко, восок и воздух богат со кислород и етерични масла.


Златко Цветаноски од Дебарца кој се занимава со овој тип алтернативна медицина, вели дека луѓето многу малку ја знаат оваа метода, но има и такви кои имаат доста познавања за карактеристиките на овој тип медицина и за што служи истата.


ТВ21 овде сретна неколкумина кои правеа инхалација и релаксација во овие куќарки. Едниот од нив страдал од срцеви болести а другиот од синуси. Ни рекоа дека на третиот ден од терапијата почувствувале подобрување.


Цветаноски вели дека овде доаѓаат и пациенти кои прележале Ковид 19 и дека овој тип инхалација им помогнала многу.


Освен инхалација овде се применува и апитерапија со пчели. Ова семејство, од колено на колено, веќе 200 години се занимава со пчеларство, а последниве месеци изградиле куќарки за инхалација и рехабилитација со пчели. Велат дека се единствени во Македонија и трети на Балканот кои се занимаваат со инхалација од пчелини кошници.