Инспекторат на Град Скопје откри нелегални приклучи на Усјански канал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инспекторатот на Град Скопје, на својот „Фејсбук“, објави дека во текот на денешниот ден лоцирани се нелегално приклучени куќи на Усјански канал.

„Продолжува контролата на Усјански канал. Во текот на денешниот ден лоцирани се нелегално приклучени куќи на физички лица во каналот. Исто така нелегално приклучување е констатирано и кај еден угостителски објект. Согласно законот за комунални дејности се превземаат сите законски мерки. Контролата продолжува и наредниот период.“, велат од Инспекторатот.