реклама

Институциите да се исчистат од партиски кадри – Експерите: Внимателно со ветингот во судството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Експертите со различно мислење за тоа дали треба да се спроведе ветинг во судството. Екс судијката во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова – Трајковска истакна дека судството треба да се исчисти од непрофесионалци. Не само судството, туку сите институции како администрација, управите, полицијата – да се исчистат од партиски кадри бидејќи истите се преполни со партиски кадри кои немаат знаење и доволно искуство.

Ветингот во судството може да се претвори во политички реваншизам, затоа треба сериозно да се внимава во текот на спроведувањето, бидејќи тоа може да донесе дисбаланс  меѓу судството и извршната власт, рече Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за Европска политика.

реклама

Експертите велат дека оценувањето на работата на судиите треба да го врши Судскиот совет бидејќи во спротивно постои опасност од мешање на политиката во судството.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама