Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени гранки на 13 диви костени од страна на работниците на ЈКП „Тетово“, пишува СДК.мк.
Тие пишуваат дека оваа интервенција следувала откако голем број на граѓани кои живеат и работат таму се пожалиле за непријатниот мири, како и големите количини на измет од птиците кои се собираат на овие дрвја.
„Во изминатиов период, на гранките на овие дрвја се населија голем број врапци, чавки и друг вид птици. Покрај големата бучава што ја создаваа, целата оваа улица и тротоарот беа затрупани од птичји измет, што пак создаваше голема смрдеа. Вакви акции на поткастрување на дрвјата ги правиме насекаде низ градот на секои 5-6 години. За тој период, на дрвјата повторно ќе им израснат големи гранки“, велат од ЈКП „Тетово“.
Денешната акција беше поздравена и од граѓаните.
