Испишани девет пациенти од Инфективнa клиника, двата теста им покажале негативни резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство соопшти дека од Инфективната клиника се испишани девет пациенти, кои целосно се излекувале од коронавирусот, со оглед дека двата теста им покажале негативни резултати.

„Денеска од  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.“, соопштија од министерството за здравство.