„А јас, вака се тресев. Но морав да ја исушам косата потоа изглегов.“
„Најгоре бевме и многу се уплашивме. Се што беше обесено, сатој, тенџериња, се се искрши. На четврти спрат сум горе и се е искршено“
„Па се уплашивме како не…Сите излеговме надвор. Мислевме дека куќите ќе се рушат“
Ова се првите реакции на жителите од Битола, неколку минути по ударот од 5,6 степени по рихтер.
„Се се искрши од регалот се отворија стаклените врати и сега еден куп имам дома срчи.“
„Со жената бевме. Се уплашивме многу… Многу вознемирени…“
-Како слеговте, почекавте да се смири?
„Почекавме, почекавме…вака праеше…Готово жената викаше, готово…“
Запалија оган пред зградата. Се собра младо и старо. Бараат денеска да биде неработен ден. Бидејќи ноќта ја поминаа на отворено или во автомобил.
„Утре треба да биде неработен ден за Битола. Како луѓето ќе одат на работа, кој ќе влези сега дома?“
„Да се стоплиме. Но кој знае тоа кога пак може да дрмни. Ако беше преку ноќ додека спиевме?!“
-Освен што паднаа работите друга штета имаше?
„Видов пукнатини по ѕидовите. Тоа што можев да видам тогаш. Да да и тоа на едно место поќе, на друго место само малтерот. На друго само глето испукан.“
„Вака вака се навалуваше зградата“
„Се скривме под една греда јас и ќерката… но таа многу се уплаши“
„Тука ќе поседиме, уплашени сме, вознемирени…Постари студи, да не настиниме, групот…“
Од оваа стара куќа падна балконот, за среќа во моментов никој не живее во неа.
Но оваа зграда е стара само две години, а ѕидовите се пукнати.
Во текот на ноќта регистрирани се уште 25 земјотреси, наречени афтершокови со магнитуда до 3,2 степени.
Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.
