Исти задачи и квалификација, различна плата – административците во министерствата ќе земаат повисоки плати?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Разликата во платите на административните службеници во министерствата и другите институции со иста квалификација и работни задачи би била 200 бода или може да достигне 10 000 денари во нето износ и 16 000 во бруто износ велат од Комисијата за заштита од дискриминација. Доколку ваквите одредби бидат изгласани би можело да предизвикаат проблеми во работењето на институциите, односно револт, намалување на мотивацијата, ефикасноста кај администрацијата која зема помала плата. На долг рок најголем проблем ќе имаат граѓаните кои ги користат услугите.

„Комисијата утврди дека постојат дискриминаторски одредби во облата на работата и работните односи на основ на заснован однос кај работодавачите. Проблематичен е членот 71 од овој предлог закон кој ги уредува платите на вработените во јавната администрација, тоа се оние кои имаат статус на админстративни службеници. Во законот се прави дистинкција помеѓу вработени во министерства и серетаријати, наспроти оние административни службеници кои се вработени во другите институции или институции на јавниот сектор“, вели Исмаил Кандери.

Синдикатот на УПОЗ поднел барање тие дополнителни бодови што се предвидуваат да важат за сите вработени во администрацијата.

„Ние го поздравуваме овој чекор да се зголемат платите на вработените во администрацијата, но да бидат опфатени сите, а не само министерствата и секретаријатите. Не може во еден закон да имате исти услови за вработување, унапредување, оценување, дисциплински постапки, едни вработени да имаат повисоки плати од останатите, бидејќи тоа претставува класична дискриминација“, вели Трпе Деаноски.

реклама

Големиот број подзаконски акти и одлуки  со кои се регулира и се определува висината на платите ја усложнуваат ситуацијата- вели универзитетскиот професор Аргетим Салиу.

„Решението е да се донесе закон за плати во кој ќе се дефинира и регулира системот на плати и бонуси на сите вработени кои земаат плата од државниот буџет. Се додека не се донесе ваков закон ќе имаме ваква ситуација, различни плати за ист работен однос“, вели Аргетим Салиу.

Ова е спротивно на член 9 од Уставот каде се гарантира дека сите граѓани се еднакви и спротивно на Меѓународниот пакт за човекови права кој вели дека за иста или слична работа треба да има еднаква плата вели Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Кендери.

реклама
реклама
реклама