Италија, Франција и Малта меѓу моменталните фаворити на Евровизија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тек се последните подготовки за новото издание на Евровизија, кое започнува денеска, кога и ќе се одржи првото полуфинале на ова големо музичко натпреварување.

Според сегашните податоци што ги покажаа обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нивниот претставник – групата Måneskin со песната „Ziti e buoni“.

Оваа година, 39 земји ќе учествуваат на Евровизија. Големи фаворити се Италија со 22 проценти, Франција 20 проценти и Малта со 12 проценти.

До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но ситуацијата се промени по првата проба, кога нивниот претставник доби неколку лоши критики за стајлингот и изведбада, пренесува порталот Klix.ba.

Исланд е на четвртото место, по што следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.