Италија го доби дербито со Белгија, Шпанија по пенал рулетот во 1/2 финале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија против Италија во Лондон ќе биде првиот полуфинален дуел на ЕУРО 2020. Шпанците обезбедија пласман меѓу најдобрите четири со победата над Швајцарија по пенали, а Италија со 2:1 ја совлада Белгија во дербито на 1/4 финалето.

Шпанија поведе преку Алба, односно автогол на Закариа, а Швајцарците преку Шаќири успеаја да израмнат. 1:1 беше и по 120 минути, па се изведуваа пенали. Кај Шпанија беа прецизни тројца играчи, а кај Швајцарија само Гаврановиќ погоди, и така го загубија овој дуел.

Италија, пак, со 2:1 ја совлада Белгија. Сите три гола паднаа во првиот дел. Барела ја доведе селекцијата на Италија во водство, а на 2:0 зголеми Инсиње. Лукаку со пенал само намали, и тоа беше се што се случуваше на натпреварот во Минхен.