Италија: Коронавирусот уби скоро 200 луѓе, заразен и лидерот на една владејачка партија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Македонија вчера беа потврдени уште два нови случаи на коронавирус. Во светот моментално повеќе од 100.000 заболени.

Најголемото епидемско жариште во Европа е во Италија.

Италијанските медиуми пишуваат дека заразен од коронавирус е и лидерот на Демократската партија Никола Зингарети.

„Лекарите ми кажаа дека сум позитивен на Ковид-19. Добро сум, но морам да останам дома. И понатаму ќе работам. Бидете храбри и се гледаме наскоро“, објави тој на социјалните мрежи.