Итно соопштение на студентите во Белград: Ова веќе не е студентски протест, напуштете го просторот околу Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од правец на Пионирскиот парк биле фрлени шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски. Редарите ги симнаа маркерите. Се молат сите да го напуштат просторот околу Собранието“, соопштија студентите во блокада.

Петнаесетминутниот молк во Белград го прекина бучава

За време на петнаесетминутниот молк на собирот „15 за 15“ во Белград, во еден момент се слушнала бучава која ги вознемирила присутните.

Додека граѓаните им оддавале почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, се слушнале гласни звуци, но сè уште не е познато што точно се случило.

Голем број луѓе се собрале на Славија, каде што е централната бина, а планирано е собирот да трае до 21 часот.