Ивандол, продолжува протестот против социјалните станови – демонстрантите му праќаат порака на Дехари: Ова не се политички протести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува протестот на жителите на населбата Ивандол во Кичево. Се чини дека жителите се решени да не дозволат изградба на социјални станови за семејства во тешка економска состојба во нивното соседство.

Жителите двапати по ред ги стопираа работите на општина Кичево за овие станови и потоа неколкупати протестираа. Демонстрантите му испратија порака на Дехари дека ова не е политички протест.

Велат дека Дехари не ги прашал жителите и не ги прима на разговор, но пред неколку дена Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево рече дека жителите можат да одат во неговиот кабинет да разговараат за проблемите на населбата, но не и за социјалните станови.  Тој ги опишува протестите како повеќе политички отколку како барање да не се градат социјални станови.

Демонстрантите велат дека протестите нема да престанат и никогаш нема да дозволат тие 30 социјални станови да се изградат во нивната населба.