Партиите веќе имаат јасни ставови за предвремените парламентарни избори. СДСМ е за брзи, ВМРО-ДПМНЕ засега против, а од Алијанса за Албанците бараат избори кога ќе има високи температури за како што велат тие да се уништел коронавирусот.
Од Бихаќчка потеницраат дека државата без Собрание не може да функционира, па затоа се за брзи избори.
„Се наоѓаме пред една друга фаза која што Ковид-19 вирусот полека но сигурно, го губи интензитетот. Нашиот став е дека веднаш по нормализација со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Затоа што тое е многу важно и добро и за економијата, секако имајќи ги во предвид и мислењата што кружат низ Европа и светот дека може да не очекува нов бран на Ковид-19 вирусот. Одоговрно е да имаме демократки избори и секако да имаме функционален парламент.“, вели Костадинов.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го очекуваат утрешниот став на Уставниот суд, дали повторно ќе се активира Собранието, повторувајќи го ставот дека сега важно за нив е здравјето на граѓаните.
„Нема да дозволиме заразување на целата држава и огромен број на заболени само за Заев и СДСМ да го намалат поразот. Било кога да има избори, било каде да има избори, било како да се организирани ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, не е поентата ВМРО-ДПМНЕ да победи кога цела држава ќе биде заразена. Таква влада, формирана на таква влада не посакуваме.“, изјави Јанушев.
Првиот човек на Алијанса за албанците бара изборите да се одржат кога температурите ќе бидат по високи за како што велат да го уништи вирусот. Да се отворени граници и процесот да биде мониториран од ОБСЕ и ОДИХР.
„Изборите треба да се одржат во моментот кога ќе има услови за присуство на меѓународната мисија за мониторинг на ОБСЕ ОДИХР, во моментот кога интензитетот на вирусот е понизок. Тоа би вило крајот на јули, почеток на август, во моментот кога ќе се создадат услови секој граѓанин со право на глас кој сака да гласа, да дојде и да гласа, тука е опфатена и дијаспората и со други зборови, изборите треба да се одржат кога ќе се отворат границите.“, рече Зијадин Села.
Следната недела кај претседателот на државата, Стево Пендаровски треба да се одржи лидерска среба на која ќе се разговара и за изборите. Како што дознаваме од партиски извори, лидерот на СДСМ како датум за избори се очекува да го предложи 14-ти јуни.
