Новите раководители на ИВЗ кои го разрешија поглаварот Сулејман Реџепи и сами се поставија на чело на оваа институција, воопшто не го знаат уставот на ИВЗ, вели изготвувачот на уставот, Африм Тахири.
„Тие се собраа за една недела, без никаква претходна забелешка, без дисциплинска комисија за забелешка до Реисот, без обвинителство да достави забелешка до Ријасетот, тие се собраа во Ријасетот. Со уставот на ИВЗ, никој освен Реисот нема право да го свика Ријасетот. Тие направија прекршок“, посочи Африм Тахири.
Тахири вели дека функцијата “вршител на должност“ не постои!
„Ако го земете уставот, никаде не фигурира функција “вршител на должност“, значи не е уставно. Значи уште на старт имаме грешка. Потоа се вели вршител на должност “се одредува“, во уставот не постои зборот одредува. Има избори и именување а не одредување“, додава Африм Тахири.
За грешките на раководителите на ИВЗ, Тахири вели дека реис на ИВЗ де факто се уште е Сулејман Реџепи бидејќи не е разрешен според процедурите во уставот.
„Доколку покренеше иницијатива во суд, 100% ќе го добиеше предметот!“, вели Африм Тахири.
Тахири вели дека актуелниот Ријасет прекршил 17 члена. Тој исто така ги оспорува и лицата кои учествувале во разрешување на Реџепи а кои не биле легитимни за такво нешто. За нив говореше и самиот поранешен поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
„Сите се поврзани со неколку надворешни центри или сомнителни земји. Кои? Сите овие што се кандидати“, порача Сулејман Реџепи.
Побаравме став од актуелното раководство на ИВЗ, но сега за сега немаме добиено.
Побаравме став од актуелното раководство на ИВЗ, но досега немаме одговор.
Денеска на пладне истече рокот за доставување на кандидатурите за избор на поглавар на ИВЗ, потврдена е кандидатурата на Шаќир Фетаху, на вршителот на должност на Претседател и муфтија во Тетово, Ќани Несими. Кандидатурата на имамот Мухарем Емини не е потврдена поради неисполнување на условите. Изборите ќе се одржат утре во 10:30 часот.
