Изборниот процес во Чаир започна со доцнење – гласаше и обвинителката Фатиме Фетаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборниот процес во Чаир започна со доцнење поради бавното одвивање на постапката за проверка на изборниот материјал од страна на членовите на изборните комисии. Долгото чекање предизвика реакции кај присутните членови.

„Од 10 часот чекаме, сега влегуваат со ред и без ред“.

Редиците завршија по 12:30 часот и Специјалната изборна комисија со сопствени возила се упати кон лицата заразени со Ковид-19 и тие во самоизолација.

„Материјалот го добивме и сега продолжуваме со изборите. Заштитната опрема што треба да ја имаме, ќе ја облечеме на местото“.

Со пристигнување на првата локација, започнаа подготовките.

„Часот е 13:20 и сега започна изборниот процес во општина Чаир. Лекарските екипи се подготвуваат, ја облекуваат заштитната опрема со кои ќе се заштитат  кога ќе влегуваат кај ицата кои се  заразени и тие кои се во самоизолација“, истакна репортерката на ТВ21.

Првиот гласач беше лице кое е позитивно и не сакаше да го снимаме. Второто пријавено лице беше обвинителката Фатиме Фетаи. Откако го оствари своето право на глас, таа ги повика и останатите граѓани да излезат да гласаат на 15 јули.

„Доколку сакаме да бидеме креатори на сопствената иднина, подобра иднина што подразбира функционални демократски институции и парламент со стабилно мнозинство и институции  кои ќе ја одведат нашата земја во ЕУ, треба да го искористиме своето право на глас“, посочи Фатиме Фетаи.

Екипите продолжија со останатите пријавени лица за гласање.

„Не чекаат уште 20 лица. Таква е постапката кај сите. Со облека, до дезинфекција“, вели медицинска сестра.

Дали се чувствувате заштитени со ваквите мерки?

„Мислам дека да. Како медицинска сестра истата облека ја имаме и на работа“, посочи медицинската сестра.

Инаку, денеска е прв ден од избирачкиот процес кој ќе трае 3 дена. Утре ќе гласаат болните и изнемоштени лица. На 15 јули правото на глас можат да го искористат и другите граѓани, но со посебни мерки поради пандемијата со Ковид-19.