Издадено итно предупредување од Италија: Реагирајте, во спротивно ќе останеме без портокали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одгледувачите на портокали во Сицилија, Италија ги повикаа регионалните и централните власти да помогнат во зачувувањето на производството по појавата на екстремно високите температури и сушата.

Две здруженија на сицилијански одгледувачи на портокал во заедничко соопштение рекоа дека ова лето сериозно го загрози нивното производство од климатски аспект и повикаа на итна акција за ублажување на влијанието на сушата, како што е надградба на брани и акумулации во Сицилија, објави Ројтерс.

Останатите барања на одгледувачите на портокали вклучуваат враќање на одредени локални даноци платени минатата година, попусти на сметките за струја и гориво.

Во Италија минатата година жетвата на овошје и маслинки беше намалена поради сушата, а годинава по неколкумесечни потпросечни врнежи, на Сицилија имаше недостиг на вода, поради што жетвата на портокали, кои сочинуваат 65 проценти од производството на овошје во Италија, е загрозено.