Изгласана доверба на Владата на Заев, мнозинството е 62 пратеника, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници … копј е против… против нема ниеден глас. Које воздржан. Воздржанинема. Вкупно гласаа 62 праеници за предлогот на владата да и се изгласа доверба на Владата за се произнесоа 62 пратеници, против нема воздржанинема. Констатирам дека Собранието и изгласа доверба на Владата на Република Северна Македонија.

Во отсуство на опозицијата пратениците на власта со 62 за и без ниту еден против ја потврдија довербата на Владата. Предлогот за изгласување доверба одеднаш и на големо изненадување на јавноста дојде директно од премиерот Зоран Заев. Тој рече дека ваквиот предлог го дава за да се види дали се точни тврдењата на опозицијата за уривање на власта и формирање ново мнозинство. Нашата стабилност не се обезбедува со мениците на Груевски рече тој.

„Шест месеци опозицијата вели дека оваа Влада ќе ја срушат, ќе падне дека нема да има доверба. Три-четири месеци дури најавија недоверба на Владата постапки за недоверба на Владата, гласање за недоверба на Владата за да денеска и не бидат овде присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на Владата. Е тоа е прашањето на храброста и на одговорноста. Во име на вистината јас ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните како што реков. Согласно член 93 став 1 од Уставот и согласно член 217 став 2 од Деловникот за работа на Собранието барам изјаснување на македонското Собрание за доверба на Владата.“, рече Заев.

Претходно на најавите за изгласување доверба, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ја поздрави одлуката за преиспитување на довербата на Владата но не се согласи со фактот дека за тоа да не се расправа.

„Браво за можноста за да го ставите владиното мнозинство на контрола и на тест, ама Уа за изборот на член 217 став два за начинот на кој што тоа го правите. Немавте сила и храброст да го поставите по член 214 став три и да дозволите три дена расправа тука да ги кажеме сите аномалии на оваа Влада.“, вели Мицевски.

И од опозицијата на Албанците се согласуваат дека дебата за доверба на Владата треба да има.

„Точката за доверба на Владата е нешто што е надвор од реалните можности опозицијата да даде своја оценка за Владата да има можност да реагира во однос на забелешките што ги има за оваа Влада имајќи во предвид дека со ова не овозможувате да се изнесе една голема вистина и политичките партии да се произнесат за работата на владата.“, изјави Скендер Реџепи.

Ова е прв пат премиер на Влада да даде предлог за преиспитување на доверба на Владата. Заев се повика на член 217 став 2 од Деловникот во кое се наведува дека кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, Собранието гласа за доверба на Владата на истата седница, без расправа.