Изгради куќа но нема вода! – Во Буковиќ, водата од бунар со бактерии, штетна по здравјето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Селото Буковиќ, Општина Сарај, долго време има проблем со водата за пиење. Дел од ова село нема вода, а тоа најчесто се случува во текот на летото. Абдула изградил куќа и ископал бунар за да има вода. Ова е втор бунар што го копа, раскажува тој, бидејќи првиот е исцрпен. Но, не ја тестирал водата дали е за пиење.

„Се каам бидејќи ја изградив оваа куќа, ќе заминам на друго место како што направија другите, и јас ќе си заминам. Ова не е во ред, водата е чистота, нема живот без вода, но не знам овој народ не разбира“, вели Абдулах.

И Гани Исмаили има бунар, но вели дека не го користат за пиење, туку само за хигиена. Водат за пиење земаат од селото Љуботен, оддалечено 32 километри.

„Бунарот е 12 метри длабок и не знаеме дали е за пиење или не, но ќе видиме, не сме пиеле вода од овде воопшто“, вели Гани Исмаили.

Од двата бунари земавме примероци од водата за да ја тестираме и да видиме дали водата може да се консумира.

Примероците ги испративме на тестирање.

Откако ги добивме резултатите му се јавивме на чичко Абдулах за да го известиме дека водата е опасна за пиење.

„Најдобро е да не пиете вода од бунарот. Што да правиме, тоа е проблемот, но ќе најдеме решение“, вели репортерот на ТВ21.

Анализите покажаа дека во водата има бактерии и не може да се пие бидејќи има над 100 милиграми нитрати кои се штетни за организмот.

А анализата на водата од другиот бунар покажа дека има нитрати во дозволената граница.

Контактиравме и со градоначалникот на Сарај. Апелира да не се пие вода од бунари, освен ако тоа не го препорачаат соодветните институции. Ветува дека наскоро ќе има решение бидејќи екипите за водоснабдување веќе го инсталираат првиот резервоар во селото Рашче.

„Општина Сарај работи согласно програмата што ја имав и сега се прават подготовки за првиот резервоар во Рашче што целосно го решава проблемот на селата Рашче, Копаница, Бојане, Ласкарци, Буковиќ, и ќе инсталираме нова мрежа за Чајлане и Семениште“, посочи Блерим Беџети.

Регулативата на Европската унија предвидува дека 50 милиграми нитрати се максимално дозволени во вода. Ако има повеќе, тогаш тоа претставува ризик за здравјето. Повеќето жители во селата пијат не тестирана вода. Селото Буковиќ се наоѓа 20 километри западно од главниот град.

Автор: Арбана Ќ. Климента/ Африм Јонузи