Измени на КЗ, реакции на Георгиевски и Јолевски – „Не се консултирани Судскиот совет и Советот на обвинители“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ниту Судскиот совет ниту Советот на обвинители не се консултирани за експресно направените измени во КЗ. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски вели дека не дале никакво мислење за законот бидејќи никој не побарал такво нешто, но нивното мислење би било многу важно, вели Георгиевски. Според него, законот е подготвен нетранспарентно и е усвоен многу брзо.

Претседателот на Советот на обвинители, Антонио Јолевски додаде дека за направените измени требало да бидат консултирани обвинителите бидејќи тие ги спроведуваат овие закони. Законот не бил испратен за мислење ниту во Советот на обвинители.

Но според премиерот Димитар Ковачевски се што се однесува на КЗ е направено согласно законите и процедурите, и е усогласено со легислативата на ЕУ.

Измените во КЗ беа усвоени во Собранието пред неколку недели и со истите се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и се скратува рокот за застарување на делата. За направените измени реакции имаше и од авроамбасадорот Дејвид Гир во врска со употребата на европското знаменце во законот како и за тоа што можат да предизвикаат ваквите измени.