Со 60 гласа за и 32 гласа воздржани, пратениците ги изгласа потребите за донесување на измените на законот за заштита на населението од заразни болести, со што законските измени сега одат на комисиски претрес. Во образложението на измените министерот за здравство Венко Филипче рече дека измените се однесуваат дел од уредбите кои беа донесени за време на вонредната состојба, како и за зголемување на ингеренциите на инспекторатите.
„Во однос на зголемувањето на ингеренциите на инспекторатите, повеќе инспекторати, освен државниот и санитарен до сега и трудовиот и понатаму инспекторатот за транспорт, пазарниот инспекторат, инспекторатите на централно и локално ниво за контрола на спроведувањето и санкционирање на непочитување на превентивните мерки“, посочи Венко ФИлипче.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски реагираше до претседателот на Собранието Талат Џафери зошто не е ставен на дневен ред и нивниот предлог закон кој меѓу другото предвидува и формирање на Комисија за справување со епидемијата. Тие овој предлог го поднесоа вчера заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица.
„Без да ги минимизираме личните квалитети на членовите на постоечката советодавна комисија целта на овој закон е да се формира комисија што ќе биде составена од професионалци кои што се докажани во своите области и кои што со своето објективно работење и носење на одлуки ќе придонесат за минимализирање или нормализирање на состојбата. Не ја знам причината зошто оваа точка не беше ставена на денешниот дневен ред“, додаде Никола Мицевски.
Претседателот на Џафери му одговори дека предлогот кој го доставиле вчера не стигнал да биде преведен .
„Материјалот да примен е вчера, доделен до секторот за превод да се преведе и претпоставувам дека ќе биде готов преводот до 29-ти и на седница со ребаланс на буџетот на 29-ти тоа е задутре да биде дел од дневниот ред“, порача Талат Џафери.
Инаку, со измените на законот за заштита на населението од заразни болести ќе се овозможи да стапат на сила новите мерки како што се задолжителни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничуање на бројот на гости на максимум четворица. Воедно се зголемат и ингеренциите на инспекциските служби кои ќе ги заострат контролите.
